Vlatko Stefanovski
Biography
Влатко Стефановски македонски рок-, поп- и џез-музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“.
Тој е роден во Прилеп , 24 јануари 1957 и во моментот има 66 години.
Влатко е роден во типично театарско семејство. Неговите родители, како уметници, често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во населбата Тафталиџе. Влатко Стефановски живее со своето семејство (која ја сочинуваат сопруга Гордана (која за жал не е повеќе со него), ќерката Ана и синот Јан) во Скопје. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го сместил неговото тонско студио „Езотерија“.
– Леб и сол –
Заедно со Бодан Арсовски, Стефановски членувал во неколку скопски групи, како: ВИС „Јегуље“, „Ирис“ и „Брег“ (групата на легендарниот клавијатурист Мики Петковски). На почетокот на 1976 година Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушески и Димитар ја оформиле групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и текстописец. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и театарски претстави, како и телевизиски серии. Како член на „Леб и сол“, Стефановски ги создал незаборавните песни: „Нисам твој“, „Таласна дужина“, „Кумова Слама“, „Жива рана“, „Кантри“, „Као какао“, „Скопје“, „Чекам кишу“, „Чукни во дрво“ итн.
Дел од содржината е преземена од: Wikipedia